СДСМ: Владата и Заев силно се борат за интересите на татковината

од Nikola Popovski
253 прегледи

Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата, велат од СДСМ преку соопштение.

Според нив, Северна Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро.

„Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република Северна Македонија да не успее. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција“, стои во партиското соопштение на владеачката СДСМ.