СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара поскап леб за народот и ги брани профитерите

од Nikola Popovski

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека застанала во одбрана на профитерите, против заштита на стандардот на граѓаните и јавно бара поскап леб за граѓаните.

-ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека цената на лебот не треба да биде замрзната. Тие сметаат дека цената на лебот не треба да биде замрзната на 33 денари и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот. Наместо да застанат зад интересите на граѓаните, во време на глобална криза, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица застанаа зад профитерите, велат од партијата на власт преку соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта го остави народот без леб.

Слични содржини