СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за нечесен однос кон земјоделците, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за развој и унапредување на земјоделството

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за нечесен, лицемерен и потценувачки однос кон земјоделците и кога е власт и кога е опозиција.

Владата предводена од СДСМ не само во претходните 100 дена, туку 3 години по ред покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделското производство.

Над 340 милиони евра за три години се исплатени кон земјоделците, преку субвенции и директна помош кои се исплаќаат неселективно и навремено, воведена е зелена нафта, донесени се мерки како Млад земјдолец, поддршка за жените во руралните подрачја, набавка на трактори со мерката 50 – 50, кои беа поздравени од земјоделците и за кои имаше голем интерес.

Станавме регионални лидери во искористеност на ИПАРД фондовите, отворени се повици за државна земја, 80 милиони евра вложивме во системи за наводнување и други капитални инвестиции, каде што ВМРО ДПМНЕ не мрдна со мал прст.

Годинава покажавме дека знаеме да се справиме и во услови на длабока криза од светски размери, да извлечеме максимум од оваа ситуација.

Први на удар со воведувањето на карантинот беа градинарите производители на зелка, каде што веднаш Министерството интервенираше со дополнителна мерка.

Потоа, за лозарите воведени се дополнителни мерки и рекордно високи субвенции кои ќе ги добијат до крајот на оваа година. Во моментов се одвива поддршката од државата во откупот на тутунот и нема дилема дека повторно Владата и Министерството ќе им помогнат на производителите во рамките на законските можности.

Времето кога земјоделците беа уценувани, а субвенциите исплаќани селективно, времето кога лажни земјоделци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на маката на вистинските земјоделци е завршено.

За разлика од нечесениот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон аграрот, СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за сите земјоделски гранки, грижа за сите земјоделци и тоа ќе продолжи да го прави уште повеќе и уште подобро.

Слични содржини