СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават штета врз ликот и делото на Гоце Делчев

од Radmila Tasevska

Пратеникот на владеачката партија, СДСМ, Мартин Костовски, во одговор на новинарско прашање, изјави дека страшно е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во пресрет на чествувањето на денот на раѓањето на големиот Гоце Делчев.

„Првин сакам да го кажам апелот од страна на СДСМ, од страна на Извршната власт до секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром , Влав, Србин и други, да бидеме доследни, да бидеме како и многу пати до сега добри домаќини. Државата преку своите институции покажа дека функционира, институциите секогаш се на висина на својата задача.

Страшно е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во пресрет на чествувањето на денот на раѓањето на големиот Гоце Делчев. Едноставно ликот и делото на Гоце Делчев не го заслужуваат ова.

Мицкоски по којзнае кој пат како наследник на ликот и делото на Ванчо Михајлов, како лидер на партија која што градеше споменик на Ќосето, како партија која што ги воспеваше по нивните партиски настани Ванчо Михајлов и Тодор Александров уште еднаш сака да зоврие тензии во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев.

Граѓаните се доволно свесни и повторно ќе ја покажат својата одговорноост кон обидот на ваквите фрустрирачки обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пред се да направат нервоза, вознемирување кај Македонците и да на некој начин го попречат се она што досега го имаме стекнато како партија во делот на евроинтегрирањето на државата“, стои во текстот од прес-конференцијата на пратеникот, Мартин Костовски.

Слични содржини