СДСМ во сабота организира голема национална трибина во Скопје

од Nikola Popovski

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска информира дека партијата го заокружува караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“ со голема национална трибина во Скопје. Трибината е закажана за во сабота, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 18.00 часот.

Од партијата ги покануваат сите граѓани, членови, симпатизери, активисти поддржувачи на СДСМ и прогресивните политики кои носат напредок и европска иднина да присуствуваат.

-Во изминатите 2 месеци, го посетивме секој град, село, секое населено место. Заедно реализиравме 78 трибини, ширум републиката. Благодарни сме за поддршката од граѓаните и задоволни сме од посетеноста. Граѓаните не сакаат блокади, не сакаат деструкции туку бараат решенија, кои ние од СДСМ заедно со нив ги креираме и реализираме. Ја покажавме разликата со деструктивното ВМРО-ДПМНЕ, ја покажавме нашата визија за иднината и го покажавме и резултатот од нашата работа во изминатите 10 месеци, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

Слични содржини