Се дебелееме во друштво на нашите најблиски

од desk2
139 прегледи

За новонастанатото однесување, најголемо влијание има близок пријател, брачен партнер, но и братот или сестрата.

Научниците од Хрвард тврдат дека во друштво на блиските луѓе често стекнуваме нездрави навики во однос на храната, движењето, изгледот и обично доцна забележуваме дека сме качиле некое кило.

Имено, лицето кое немало проблеми со прекумерна тежина почнува да се дебелее кога ќе падне под влијание на блиските лица.
За новонастанатото однесување, најголемо влијание има близок пријател, брачен партнер, но и братот или сестрата.

Дебелината, всушност е заразна болест, која се пренесува од луѓето во непосредната близина, тврдат научниците од Харвард, кои направиле истражувања на повеќе од 12.000 лица.

Во таков амбиент стекнуваат навији во однос на храната, движењето, изгледот, за да во еден момент станат свесни дека имаат вишок килограми. Обично многу доцна, што им оневозможува да се врата на поранешната тежина.