Се огласи поранешен советник на кралицата: Нови детали од бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska

Хит серијата „Круна“, која ги следи интригите на британското кралско семејство, го покажува бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс во лошо светло и опишува како тој бил осуден на пропаст уште од самиот почеток.

Меѓутоа, Дик Арбитер, поранешниот прес-секретар на кралицата Елизабета Втора, тврди дека тоа всушност не е точно.

Имено, според него, првите години од заедничкиот живот на Лејди Ди и принцот Чарлс биле идилични, парот бил многу среќен.

Тој ги коментираше најновите епизоди од серијата во интервју за The Royal Beat.

Имено, во серијата има тврдења дека принцот завршил во кревет со Камила Паркер ноќта пред неговата венчавка со Лејди Ди, како и дека тие биле љубовници во првите години од неговиот брак, додека тој тврди дека двајцата немале контакт во првите пет години.

Принцот е претставен во серијата како многу студена, емоционално насилна и фрустрирана личност, додека се опишани хистеричните испади на неговата сопруга. Но, Арбитер вели дека не е точно дека тие немале добар однос.

– Се сеќавам на нивната прва турнеја наскоро откако се венчаа во 1981 година. Таа беше првата принцеза од Велс во последните 80 години и тоа беше голема работа – рече тој и продолжи:

-Тие не можеа да ги тргнат рацете еден од друг, а Чарлс редовно ја тапкаше по задникот. Имаше моменти кога тој ќе ја стегнеше за задникот, а сите луѓе на турнејата низ Австралија го имаа забележано тоа. На почетокот тие беа навистина среќни – љубовта беше искрена и вистинска.

Арбитер бил советник на кралицата 12 години, а во серијата му пречеше како е претставена и самата кралица.

„Кралицата не беше ладна. Има мајчински инстинкти и беше загрижена како и секоја мајка кога принцот Ендру одеше на Фокландските острови.

Слични содржини