Се огласија украинските претставници пред Евровизија: „До победа“ (ФОТО)

од Nikola Popovski

Вечерва во Торино се одржува првата полуфинална вечер на Евровизија, а украинските претставници, оркестарот Калуш, настапуваат шести со песната „Стефанија“.

„Денеска е првото полуфинале. Ќе го дадеме својот максимум“, напишаа членовите на групата на Инстаграм пред нивниот настап на Евровизија.

Тие објавија и список на земји кои денеска можат да гласаат за нивно поминување во финалето, а на листата се Албанија, Ерменија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Исланд, Италија, Литванија, Молдавија, Холандија, Норвешка, Португалија. и Словенија.

„Гласајте за Украина денес! Само овие земји можат да гласаат во полуфиналето. Гледајте вечерва и не пропуштајте го времето за гласање бидејќи е ограничено“, објаснија тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)

Во коментарите под денешната објава, луѓето ги поддржуваат и навиваат за нивен пласман во финалето, како и за нивна победа.

„Каква песна… Победата е ваша“, „Најдобри сте, сакам да победите“, „До победа“, им порачаа во коментарите.

Фото: SplashNews.com / Splash / Profimedia

Слични содржини