Се отвора пункт за вакцинација во кампусот на универзитетот „Кирил и Методиј“

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека анализите на Mинистерството за здравство покажуваат дека добро се одвива процесот на вакцинација и расте отфатот на вакцинираните повозрасните граѓани.

Тој најави  дека на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во четврток ќе  се отвори пукт за вакцинација на студентите од кампусот. Посочувајќи дека со тоа се сака да се поттикне малдите да се вакцинираат, бидејќи нивниот опфат досега е многу мал.

Слични содржини