Истражувачите планираат да се вратат на остров Никумароро со подморница, за да ja затворат смртта на Амелија Ерхарт
Смртта на првата жена која го прелета Атлантскиот Океан, е една од најголемите мистерии на минатиот век, кои остануваат неразјаснети и до денес. Во октомври оваа година антрополози открија информации, поддржувачи на теоријата дека познатата жена пилот загинала откако принудно слетувала на осамениот остров Никумароро.Меѓународен тим од историчари ja спореди раката на скелет пронајден на островот во 1940 година, со историска слика на Амелија и ја отвори целосната приказна.
Според новата теорија Амелија прави над 100 радио јавувања и дури потоа презема принудно слетување на осамениот остров.
Екипата тврди дека авионот на Ерхарт бил со доволно достапен гориво во резервоарот за да го вклучи радиото. Шест часа откако исчезнува од радарите, таа почнува да испраќа пораки за помош. Многу домаќинства во Тексас, како и жена во Мелбурн, ја фаќаат нејзината фреквенција .
Доверливи радиооператори тврдат дека пилотката соопштила дека е повредена по приземјувањето, но не толку лошо како нејзиниот навигатор , Фред Нунан. Извештајот сепак е изгубен и дури во 1998 година тимот, истражувачи го откриваат извечтајот на Ерхарт . Тогаш научниците стигнаат до заклучок дека скелетот може да е на жена, но нејзините раце се доста поголеми од оние на пилотката. Сепак решаваат да ги проверат сомнежите и бараат помош од познатиот специјалист Џеф Гликман кој треба да ја измери рамената коска на Ерхарт. Екипата открива совршена слика за задачата и по мерењето станува јасно дека има целосна поклопување.
Во 1937 година Амелија Ерхарт исчезнува засекогаш од радарите
Во почетокот на 1939 година Амелија Ерхарт е официјално прогласена за мртва.
Повеќето од прашањата околу нејзината смрт остануваат неодговорени и до денес и тоа ја прави една од најпознатите неразјаснети мистерии на минатиот век.