Се појави ВИДЕО од застреланата жена во Капитол (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува како жена, приврзаник на претседателот Доналд Трамп, е застрелана во Капитол, каде избија големи немири.

Како што може да се види, голем број демонстранти влегоа во зградата на Конгресот и одеднаш се слушнаа истрели и жената се најде на земја.

Насобраните брзо почнаа да и помагаат, а камерите забележаа како ја изнесуваат на носилки од зградата.

Иако Си-Ен-Ен објави дека била застрелана во градите, другите медиуми јавуваат дека била ранета во вратот.

Се наоѓа во критична состојба.

Слични содржини