Се појавија снимки од пресметката на хулиганите на Лестер и Наполи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лестер и Наполи ги поделија бодовите на почетокот на Лига Европа откако одиграа 2:2 на стадионот „Кинг Пауер“.

Натпреварот на Островот го одбележаа и судири помеѓу навивачите на двата тима пред и за време на натпреварот.

Поради ограничувањата, не требаше да има поддржувачи на италијанскиот клуб на трибините, но некои од нив успеаја да допатуваат или дојдоа од други земји.

Според англиските медиуми, инцидентите започнале кога навивачите на „лисиците“ почнале да фрлаат пластични шишиња кон приврзаниците на Наполи со цел да ја пробијат линијата на разграничување.

Слични содржини