Се повеќе келнери роботи во рестораните во Барселона

од Radmila Tasevska

Се повеќе ресторани во Барселона почнаа да користат висока технологија во својата работа за да им служат на клиентите, пренесува El Pais.

Во еден од најстарите класични ресторани, Set Porte, роботот се користи за носење садови и чаши од кујната до масите и, како што се наведува, не се судрил со никого и не ги скршил садовите.

„Кога ќе сретне клиент, тој застанува, се извинува, дури и се насмевнува. Она што може да го направи, што не е многу, го прави совршено, како што е носењето на садовите“, пишува El Pais.

Слични содржини