Американецот Натаниел Луис, кој пукал врз полицијата и десет часа поминал под опсада во областа Честер во Пенсилванија, се предал откако преговарачот му отпеал божиќна песна.

Луис (34) пукал врз полицајците кои дошле после пријавата на еден роднина дека се однесува непресметливо.
Куршумите од оружјето на Луис го погодиле полициското возило, една куќа и уште едно возило, за потоа полицајците да возвратат.
„Преговорите со Луис траеја долго во ноќта и тој пукаше врз полицијата и околните куќи“ – изјавил обвинителот Томас Хоган.
Луис се предал откако преговарачот му отпеал една од божиќните песни.