Се распаѓа прилепскиот театар, опасно е за актерите и публиката

од desk2
73 прегледи

Прилепскиот ансамбл, којшто измините неколку години освојува врвни награди на театарските фестивали во земјава и странство, твори во тешки услови под сите стандарди. Актерите незадоволството го манифестираа и на затворањето на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во јуни годинава, кога јавно побараа нова театарска куќа и оти условите се неподносливи, пишува СДК.

„Имаме потреба од нова зграда, секако. Ние треба да имаме хумани услови за работа, зашто постоиме и функционираме за публиката. Наши гости се граѓаните, кои ја почитуваат нашата работа, а колку само ни е срам кога ќе прашаат каде има тоалет, како да им кажеме каде е… Немаме ни бифе, каде што ќе разговараме како колеги, аналитички, а не пак простор соодветен за публиката. Друго прашање е тоа што овде би можело секој момент ни се случи курцшлус, зашто крај фоајето е главниот дотек на струја. Немаме туш кабина, по претставата треба да трчаме дома за да се тушираме. Осветлител е само едно лице, нема професионален шминкер, нема шнајдер …“, вели актерот Владимир Ѓорѓиески, додавајќи дека актерите го даваат максимумот од себе, но, не можат повеќе да помогнат да биде ситуацијата подобра.

повеќе тука