Се родиле 13 деца без раце, Франција не знае зошто

од desk2
84 прегледи

 

Во три различни селски области во Франција во последните 10 години се родиле 13 деца без дланки или без целите раце, но истрагата се уште може да одговори зошто се случило тоа.

Во регионот на селото Дрило, на истокот од Франција се родиле седум деца без раце во периодот од 2009 до 2014 година. Ист случај има и во регионот околу градот Моузел во областа Лоара-Атлантик, каде се родиле три деца со ист проблем во периодот од 2007 до 2008 година, како и во Бретања, каде три деца се родиле без раце од 2011 до 2013 година.

Стручњаците направиле интервјуа со нивните мајки, дедовците и бабите, но тие немаат ништо заедничко во нивниот живот освен што живеат во рурални обаласти. Исклучени се влијанијата на алкохол, цигари и други можни причинители. Сега се сомневаат на пестициди кои се користат во земјоделството, но истрагата покажала дека нивоата се во рамки на дозволеното.

Родителите бараат објаснување за нивните деца, и разочарани се што истрагата не може да продолжи, без некаква насока.