Се шират забраните за дизел автомобилите! Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина ќе ги забранат дизелките до 2025 година

од desk3

Градоначалниците на Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина најавија дека ќе воведат строгата забрана за да го подобрат квалитетот на воздухот во градовите кои управуваат во моментов. Оваа обврска беше преземан за време на средба на градоначалниците на 40 од најголемите метрополи, што се одржа во Мексико. За таа цел ќе бидат поделени парични стимулации, а другата насока ќе биде развивана урбаната инфраструктура, стимулирање на пешаците и велосипедистите.

655-402-dizelovi-koli-pushek

Дизел моторите се подложени на тотална напад во последните неколку години, а причината е здравјето на луѓето . Светската здравствена организација тврди дека околу 3 милиони смртни случаи годишно се поврзани со изложување на силно загаден воздух.

Дизел моторите придонесуваат за загадувањето на воздухот на два основни начини – фини честички и азотните оксиди. Честичките влегуваат во белите дробови и може да предизвикаат кардиоваскуларни болести и смрт. Азотните оксиди помагаат да обликувањето на земјин озонски слој, кој предизвикува зтешкотии на дишењето, дури кај луѓе без респираторни проблеми.

Силни расположение за пристапување кон овој потфат има и во Велика Британија, каде што се води кампања за побрза реакција од страна на владата.

На средбата С40 градоначалниците на четирите града изјавија дека ќе “ќе направат се што е во нивна моќ за да обезбедат парични бонуси за луѓето кои преферираат купување на електричен, водороден или хибриден автомобил.”

Париз веќе презеде серија на чекори за намалување штетното влијание на дизел автомобилите и камионите. Влегувањето во градот веќе е забрането на автомобили регистрирани пред 1997 година, а ограничувањата се зголемуваат секоја година до 2020 година. Еднаш месечно “Шанз-Елизе” е затворена за секакви автомобили.

Многу од мерките за намалување на загадувањето на воздухот веќе даваат резултат на некои градови. Во Барселона дополнителните патувања со јавни велосипеди ги намелило CO2 емисиите со над 9000 она што е еквивалентно на над 21 милиони километри поминати со автомобил.

Слични содржини