Се скратува полицискиот час: „Овие две недели седете дома, ситуацијата е сериозна“

од Берта Китинска
467 прегледи

Од денеска од 20 часот навечер до 5 наутро започнува новиот полициски час.

Поради влошената состојба со ковид 19, владата одлучи да донесе строги рестриктивни. Угостителските објекти, фитнес центрите ќе бидат затворени на две недели, се забранува одржување на конференции и разни обуки, ова се новите рестриктивни мерки кои ги соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

– Седете дома овој период! Не излегувајте ако не е потребно и никако не се групирајте! Овие мерки ги воведуваме во пресрет на празниците, со цел да овозможиме празничните денови секој граѓанин и секое семејство да ги помине во мир и спокој, со саканите на број и на трпезата во домот. Тоа, убеден сум, секому е првата желба за овие празници. Да сме здрави и заедно со саканите. Со овие мерки очекуваме да се намали ширењето на заразата и да се намали притисокот врз здравствените работници, изјави Зоран Заев претседател на Влада.

Иако мерките се непопуларни, спроед заменик министерот за здравство Илир Хасани биле пред избор дали ограничување сега или за празниците. Очекува рестрикциите да го намалат притисокот во болниците.

– Се најдовме пред два избора или ќе го ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам или Велигден. Ако не носиме одлуки ќе се соочиме со затворање и за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека празниците ќе ги поминеме без големи ограничувања, рече Хасани.

Вчера стартуваше и вакцинацијата во спортскиот центар Борис Трајковски се вакцинираа здравствени работници и вработени во МВР.Воедно низ здравствените домови се вакцинираат повозрасните лица со „АстраЗенека“

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.

Новиот полициски час ќе важи до 20 април.

Слични содржини