Се слави во Херсон: Отсвирена украинската химна на централниот плоштад (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Продолжува славјето во Херсон додека руските трупи се повлекуваат од градот. Херсон беше под руска окупација од март и е првиот голем украински град окупиран од Русија.

Доцна синоќа жителите на централниот градски плоштад ја свиреа украинската химна, а видеото го објави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи.

Најмалку седум мостови, од кои четири минуваат преку реката Днепар, се уништени во последните 24 часа, пишува CNN.

Меѓу уништените се и два моста, автомобилски и железнички, кои се наоѓаат на врвот на браната во Нова Каховка.

Не е јасно кој ги уништил мостовите, но сето тоа се случило откако руските сили се повлекле од западниот брег на Дњепар.

Слични содржини