Се судрија три возила, едното е сопственост на МВР

од Берта Китинска

Вчера во 20:40 часот во Скопје на улица „11 Октомври“, пред крстосница со булевар „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Љ. С. (65), патничко возило „тојота ајго“, управувано од В. И. (49) и патничко возило „пежо 106“, сопственост на МВР, управувано од М. Ц.(41), вработена во МВР, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и В.И., како и сопатникот во патничкото возило „тојота ајго“ Т.И.(44), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини