Се уште може да се шетаме без маски, опозицијата бара време за да ги разгледа новите мерки

од Берта Китинска

Иако за денеска беа најавени измените и дополнувањата на Законот по скратена постапка сепак на  собраниска седница не се расправаше за нивна примена.

По барање на опозицијата,  не се најдоа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, кои се однесуваат на нови мерки за заштита од коронавирусот.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека побарале да ги разгледаат подетално предлозите и да дадат свои предлози.Се очекува Собранието да расправа за Законот на следната собраниска седница, на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници од мнозинството позитивни на ковид-19, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.

Меѓувреме Комисијата за заразни болести, поради растечкиот тренд на бројот на заболени, предложи нови мерки и рестрикции како скратување на работното време на еконосмките оператори до 23 часот, нови мерки за јавниот превоз препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес.

Министерот за здравство Венко Филипче, нагласи дека со овие мерки се исцрпени сите можности на надлежните да го спречат ширењето на Корона вирусот. Ако мерките не дадат резултат во земјава повторно ќе се воведе полициски час.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 788, бројката на оздравени пациенти е 17 392, на починати е 846. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5550, од кои во Скопје се 2674.

Слични содржини