Се воведува „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците

од desk4

Со отворање на јавниот повик за набавка на гориво за земјоделска механизација започна реалиzaцијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација пополарно наречена „зелена нафта“.

Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади кои ќе имаат можност да набавуваат 30 отсто поевтина нафта за својата механизација.

На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

Со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството, се вели во соопштението на  центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија

Слични содржини