Се вози брзо и под дејство на алкохол, санкции за 267 возачи

од Nikola Popovski
199 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 267 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 меркa за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.

Слични содржини