Се врши претрес во Управата за финансиска полиција

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денот врши претрес во Управата за финансиска полиција.

Од обвинителството го потврдуваат претресот, но повеќе детали засега не се објавуваат со оглед дека предметот е во предистрага.

-Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, информирала шефицата на ОЈО, Вилма Русковска во изјава за МИА.

Слични содржини