Се запали автобус кој патувал на релација Скопје-Белград

од Vladimir Zorba

На влезот на Ниш се запали автобус на „Ниш Експрес“. Пукнала гумата на автобусот, по што за неколку минути изгоре целиот. Автобусот патувал во правец Скопје-Белград со Ниш како попатна станица.

Во автобусот имало само осум патници, сите се евакуирани и нема повредени лица.

Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта.

Слични содржини