Седум факти за Финска кои ќе ве изненадат

од desk2
255 прегледи

Дали сте знаеле дека во Финска постојат повеќе сауни отколку автомобили, дека жителите на оваа држава се познати како големи пивопијци или дека во некои делови од Финска полицијата поседува ирваси?

Во продолжение ви откриваме 7 факти за Финска кои ја прават една од најинтересните земји во светот.

Некои згради во Финска мора да поседуваат паркинг за домашни миленици
Доколку сте сопственик на продавница, неопходно е пред влезот да направите специјален паркинг за животни каде луѓето ќе можат да ги остават своите миленичиња пред да влезат во објектот. Во случај да не го почитуваат овој закон, Финците ќе бидат казнети, иако овој закон досега е прилично селективно применуван.

Финските доктори на науки добиваат мечеви кога ќе одбранат докторат
На некои универзитети во Финска и понатаму постои традиција на подарување мечеви на успешните докторанди, секако заедно со дипломата. Единствен недостаток на оваа политика е што самите доктори на наука мора да издвојат финансиски средства за мечот.

Паричните казни за сообраќајни прекршоци се одредуваат врз основа на висината на заработката
Доколку имате висока плата во Финска и сте возеле над пропишаниот лимит, ќе бидете значајно повеќе казнети отколку лицата со пониски примања. Познат е случајот на директорот на брендот Нокиа, Анси Ванјоки, кој во 2002 година морал да плати казна од дури 116 илјади евра поради брзо возење. Тоа до ден-денес е рекорден износ на парична казна за овој тип на сообраќаен прекршок.

Финските полицајци имаат свои ирваси
Во некои земји полицајците имаат коњи, но Финците отишле чекор понатаму, па за свои чувари на редот на северот на земјата обезбедиле ирвасите. Многумина во Финска тврдат дека во прашање е маркетиншка одлука и дека овие животни на ниту еден начин не ѝ помагаат на полицијата.

Финците се големи пивопијци
Граѓаните на Финска во просек пијат 85 литри пиво годишно. Поради тоа не не чуди фактот дека во нивните супермаркети постојат специјални понуди за купување на 1000 лименки пиво.


Жителите на Финска се сметаат за најчесни луѓе на светот
Во еден нековенционален експеримент кој се одигра на улиците на 16 светски метрополи, истражувачите ја тестирале совесноста и чесноста на граѓаните. Имено, тие оставиле паричник полн со пари на улица и набљудувале како случајните минувачи ќе реагираат кога ќе го забележат. Во Хелсинки, 11 од 12 учесници во експериментот покажале намера да го вратат паричникот на неговиот сопственик, додека во другите градови околу половина од луѓето го зеле паричникот кој не им припаѓал.

Во Финска постојат повеќе сауни отколку автомобили
Во Финска, земја со 5 милиони жители, вкупниот број на сауни се неверојатни 2 милиони. Поголемиот дел од компаниите имаат сауни за своите врабоени, а дури и затворениците во Финска имаат право да посетуваат сауна еднаш неделно.