Нови седум пациенти се проверуваат дали се позитивни на коронавирусот, од кои тројца се од Дебар, посочи министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција во владата.

Фото: Борче Поповски
„Се проверуваат седум пациенти, од кои три лица од Дебар, две лица од Штип и две во Инфективна клиника во Скопје. Овие четири лица кои не се од Дебар паувале во Австрија и Германија“, истакна министерот.
Филипче кажа дека за првпат се останал и владиниот кризен штаб, како и дека денеска во 19 часот ќе има нова владина седница, за кои одлуки ќе излезе во јавноста по завршување на седницата.
„Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро, нема проблем, луѓето разбираат што се случува, се придржуваат до мерките, нема никаков проблем и покажуваат исклучително висок степен на дисциплина“, рече министерот за здравство.