Седуммина се затруле во Делчево јадејќи во сендвичарница

од desk2

Во средата во 16.30 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во текот на денот за укажување на лекарска помош во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ – Делчево се јавиле повеќе лица (пет малолетници и две возрасни лица) кои се пожалиле на повраќање, односно дека се затруле, а претходно конзумирале храна од иста сендвичара во Делчево.


Сите лица со амбулантно возило биле однесени во Медицински центар Штип за понатамошно укажување на лекарска помош.

На местото на настанот излегле полициски службеници, а за случајот била известена Епидимиолошка служба – Делчево, Завод за здравствена заштита Кочани и Државен здравствен инспекторат. Сендвичарата била затворена од страна на санитарен и здравствен инспектор.

Слични содржини