Секој 10-ти жител на Европа барал пари од пријатели за време на пандемијата: Еве кои народи имале најголеми финансиски проблеми

од Nikola Popovski

Дури 58 проценти од анкетираните граѓани од земјата на Европската унија велат дека за време на пандемијата на коронавирусот имале финансиски тешкотии.

Жителите на Унгарија, Бугарија, Италија, Грција и Шпанија најмногу пријавиле финансиски проблеми, додека Данците, Холанѓаните, Швеѓаните, Финците и Австријците доживеале најмалку проблеми за време на пандемијата, според студијата на Европскиот парламент.

Анкетата на Европскиот парламент спроведена од почетокот на пандемијата до крајот на април 2020 година покажува дека граѓаните на ЕУ кои пријавиле финансиски проблеми најмногу се жалеле на загубата на приходи (30 проценти), невработеност или делумна невработеност (23 проценти), неможноста за плаќање кирија или заеми (14 проценти) додека девет од нив оцениле дека имаат проблеми со купување „храна за пристоен живот“.

Еден од десет Европејци кои се соочиле со финансиски проблеми за време на пандемијата, рекоа дека побарале финансиска помош од фамилијата или пријатели, а три проценти рекле дека се соочуваат со банкрот.

Дури 69 проценти од испитаниците во истражувањето на Европскиот парламент се залагале за посилна улога на ЕУ во решавањето на пандемиската криза, при што најголема поддршка за таа идеја е во Португалија и Ирска, а најмала во Чешка и Шведска.

Шест од десет испитаници веруваат дека ЕУ не покажала доволно солидарност меѓу земјите-членки за време на пандемијата, а 22 проценти од нив велат дека се целосно незадоволни од состојбата со солидарноста во ЕУ.

Најнезадоволни се во Италија, Шпанија и Грција, а покажаниот степен на европска солидарност најмногу го поддржуваат Ирците, Холанѓаните и Данците.

Три од четири испитаници низ ЕУ велат дека „слушнале, виделе или прочитале” за мерките што ЕУ ги презема како одговор на пандемијата, а една третина велат дека знаат какви се мерките.

Половина (52 проценти) од Европејците кои велат дека знаат за мерките на ЕУ велат дека не се задоволни од досега сработеното.

Најнезадоволни се во Италија, Шпанија и Грција, а следат Австрија и Бугарија.

Меѓу 42 проценти од оние кои се задоволни од одговорот на ЕУ на пандемијата Ковид-19, повеќето се Холанѓани, Финци и Данци, според истражувањето на Европскиот парламент.

Слични содржини