Секој полнолетен граѓанин ќе добие акции од државните компании, најавува Ковачевски

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Зборувајќи за новата Програма на СДСМ и коалицијата, претседателот на владејачката партија, Димитар Ковачевски вечерва во интервју за ТВ Сител најави дека граѓаните ќе го преземат управувањето со јавните претријатија.

Тоа, вели Ковачевски ќе започне со државната компанија ЕСМ.

„Што се однесува до вашето конкретно прашање во однос на енергетските компании меѓутоа и на другите државни компании една од грижите кои што ја имаат граѓаните кое што и мене ме загрижува е работењето на овие државни компании, нивото на нивната ниска транспарентност и ниска ефикасност. Затоа сметаме дека граѓаните треба да бидат дел од управувањето со овие компании и тоа по јасни берзански правила. И затоа предвидуваме 49% од уделите во од компаниите, прво ќе започне со ЕСМ, да бидат доделени на сите полнолетни граѓани на Македонија, значи зборуваме за 1,3 милиони граѓани најмалку кои што ќе добијат акции во ЕСМ и подоцна во другите државни компании. Со еден нормален модел на поделба на акции на сите полнолетни граѓани во државата кои што подоцна ќе котираат на берза и врз основа на берзанските правила граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во управувањето на компаниите, со тоа ќе се зголеми прво транспрентноста, второ ќе се зголеми ефикасноста, трето граѓаните ќе добијат капитал, четврто граѓаните ќе добијат пасивен приход во форма на дивиденда. На крајот на денот граѓните ќе одлучуваат за тоа каква ќе биде иднината на тие компании, со оглед на тоа дека имаше во минатото голем број на шпекулации и голем број на лажни дека тие компании се продавале на странци итн, сега граѓаните единствено ќе бидат тие а никој не може да манипулира 1,3 милиони граѓани во однос на иднината на тие компании“ порача Ковачевски.

Слични содржини