Села потврди: Алијансата за Албанците бара техничка влада

од Берта Китинска

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села од Тетово потврди дека постојат повеќе аргументи зошто треба да се формира нова техничка влада за да ја води државата.

„Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет, затоа што тој не е избран на избори. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи“, кажа Села.

Потпретседателот на политичката партија Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар во последниот осврт, објавен на неговиот фејсбук профил, за надминување на состојбата во земјава, бара итно формирање техничка влада.

„Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните“, пушува Таравари.

Тој во оценката каде е потребна стручна интервенција како жаришта ги посочува корупцијата, невработеноста, образованието, здравството и администрацијата.
Таравари оценува дека сме мали во географска смисла, но „гиганти” во однос на корупцијата.

„Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се „таргетираат” овие пет невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот“, коментира Таравари.

Слични содржини