Села за блокадата: Легитимно да се направат вакви политички чекори

од Берта Китинска

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села за блокадата на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е легитимно право на секој политички субјект е да избере како ќе дејствува во и надвор од Собранието.

Според Села, легитимни се сите начини на дејствување кои се демократски и политички.

-Не може да бидат легитимни уценувања на сигурноста и на животот на некој друг зашто е против. Но, легитимно е опизицијата да направи нешто во Собранието против корупцијата, да направи нешто за да спречи игри врз грбот на граѓаните и да имаат профит и бизниси политичките партии на кои тоа не им е дозволено. Ние имаме своја агенда, ја кажавме, но почитуваме агенди и на други политички партии. Почитуваме автономни дејствувања на секој политички субјект и истото го очекуваме од другите, рече Села, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Собранието.

Тој во овој контекст се осврна на законот за игри на среќа, обвинувајќи дека целта на ДУИ со предложеното решение е да направи „уште едно трговско друштво во рамки на Државната лотарија, за партиска потреба“.

-Во прашање се милиони евра кои ќе легнат на сметката на функционери на ДУИ или директно кај ДУИ. Нема друг начин во овој случај, освен да се блокира. Затоа велам дека е легитимно да се направат вакви политички чекори, истакна Села.

Слични содржини