Селими: Изборите во СДСМ се чекор напред, ова може да придонесе за демократизација на сите политички партии

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Сефер Селими се согласува дека вчерашните внатрепартиски избори во СДСМ од овој тип се чекор напред.

„Ваквиот начин на избор на претседател на партија може да придонесе кон демократизација на партијата, особено кога ќе има натпревар меѓу идеи, концепти и кандидати. Во овој случај би додал и дека ова е отсликување на театарот демократија, што го имаме во државата, а вистинскиот момент кога ќе имаме потполна демократизација и во политичките партии ќе треба да го градиме уште долго време“, смета Селими во гостувањето на емисијата „Топ тема“, додавајќи дека сепак се дало преголем медиумски простор на изборите во владеачката партија.

Слични содржини