На Фејсбук профилот „Во живо од Грција“ беше објавена информација дека маж и жена од Србија со две деца исчезнале во Грција, а се бара помош од секој што знае нешто за нивното движење.
Фејсбук профилот објави информација дека маж и жена од Србија и нивните две ќерки се исчезнати во Грција. Во објавата се наведува дека станува збор за Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ со двете ќерки кои во неделата заминале за Тасос.
„Оттогаш е невозможно да стапиме во контакт со нив. Пријавено е во полиција, ја поминале српската и македонската граница, влегле во Грција и оттогаш им се губи секаква трага. Родителите се обидуваат да стапат во контакт со нив, но телефоните се исклучени. Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците“, стои во апелот.