Семејството на Мајкл Џексон се закани со тужба против новинарот Мартин Башир

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството на Мајкл Џексон се закани дека ќе го тужи новинарот Мартин Башир за интервјуто кое своевремено го спроведе со кралот на попот.

Дека семејството е подготвено да ја спроведе правдата, потврди и поранешниот телохранител на поп-sвездата, Мет Фидес, кој се обрати за „Мирор“.

„Семејството ги разгледува законските можности да реагира, бидејќи сметаат дека прикажувањето на Мајкл од страна на Башир и лагите што ги измислил за него, му ја уништиле кариерата“, рече тој.

Имено, во контроверзната емисија, Башир разговарал со Мајкл за децата и бројните обвинувања за злоупотреба што ги доби кралот на попот.

Семејството на Џексон верува дека Башир „го измамил пејачот да се согласи на интервју“.

Внукот, Таџ Џексон, го обвини Башир за манипулативно користење видеа и „неетичко новинарство“ и побара од него извинување за филмот на Ај-Ти-Ви во 2003 година.

„Манипулативните снимки на Башир и неетичкото новинарство се една од главните причини зошто чичко ми Мајкл повеќе не е со нас. Судењето во 2005 година го скрши. Тоа е срамота за оние кои му дадоа покритие на Башир. Срамота е за оние што го наградија. Моето семејство заслужува истрага и извинување“, напиша Таџ на Твитер.

Слични содржини