Семејството на малтретираното момче одби донација од 470 илјади долари

Семејството на малиот Квејден Бејлс, кој го привлече вниманието на целиот свет откако неговата мајка објави видео на кое плаче и вели дека сака да се убие поради булингот кој го претрпувал од врсниците, ги одбиле парите кои луѓето ширум светот ги собрале за малиот Квејден да оди во Дизниленд, пишува BBC.

Собрани се повеќе од 474 илјади долари, а парите одлучија да ги донираат во добротворни цели.

Семејството, за локалните медуми, открило дека се трогнати од гестот, но сакаат фокусот на јавноста да остане на „вистинскиот проблем“.

„Момчето е малтретирано. Колку самоубиства се случиле поради малтретирање? Сакаме парите да ги дадеме на организации на кои навистина им се потребни. Колку и да сакаме да отидеме во Дизниленд, мислам дека нашата заедница не би имала корист од тоа“, рекла за NITV вујната на малиот Квејден.

Семејството одлучило дека парите ќе ги донира на две организации: Dwarfism Awareness Australia и Balunu Healing Foundation.

Исто така, тие откриле дека се во контакт со американскиот комичар Бред Вилиамс, кој исто така е со џуџест раст, како и Квејден, а кој ја започнал GoFoundMe кампањата за собирање пари.

Слични содржини