Семките од тиква се најздравата ужина: полни се со состојки кои го поттикнуваат здравјето

од Vladimir Zorba

Семките од тиква долго време се користат во медицински цели поради одличните здравствени својства и се сметаат за една од најздравите намирници и грицки.

Богати се со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк, витамин К и омега-3 масни киселини.

Содржат и аминокиселина триптофан која го создава хормонот на среќата или серотонин кој влијае на доброто расположение и поквалитетниот сон.

Идеални се за брза ужина во текот на денот бидејќи го регулираат нивото на шеќер во крвта, што значи полесно слабеење доколку сакате да ослабете.

Но, тоа не се сите придобивки од ова семе. Постојат многу други причини зошто треба редовно да ги консумирате.

1. Го зајакнуваат имунитетот

Покрај тоа што се богати со магнезиум, овие семиња се богат извор на цинк кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем.

За да ги внесете сите хранливи материи во вашето тело преку семките, најдобро би било да ги јадете сирови или малку потпечени во рерна.

2. Го намалуваат ризикот од дијабетес

Многу луѓе велат дека семките од тиква се најдобрата ужина за оние кои страдаат од дијабетес. Но, пожелно е да ги јадат нив и оние кои го немаат овој здравствен проблем за да се намалат шансите да се добие.

Состојките од семките можат да го регулираат инсулинот, па затоа се препорачува да се консумираат како превенција од дијабетес.

3. Помагаат при несоница

Грицкањето семки од тиква неколку часа пред спиење, особено во комбинација со овошје, придонесува за подобро лачење на мелатонин и серотонин, што ја зголемува регенерацијата на телото за време на спиењето.

4. Содржат омега-3 масни киселини

Семките од тиква се меѓу најважните растителни извори на омега-3 масни киселини. Овие масни киселини се клучни за здрав метаболизам, како и за мозокот и когнитивните способности.

Слични содржини