Сензационално истражување од Вашингтон: Како Русија тајно ги “превзема ” државите

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Кремљ прави  кампања со економски и политички мерки, за да се манипулира со пет земји од Централна и Источна  Европа

putin
Русија прави задкулисните кампања од економски и политички мерки, за да се манипулира со пет земји од Централна и Источна Европа, да го  дискредитира западниот либерален демократски модел и да јги  поткопа трансатлантските врски. Ова се наведува во истражување, дело на Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон.
Во истражувањето, цитирано од Ројтерс, се тврди дека Москва за целта користи симпатизери и   лојални  локални политичари, се стреми да доминира на енергетските пазари и во други економски сектори и освен тоа ги поткопува и антикорупциските мерки. На овој начин Русија се обидува да влијае врз владите на Бугарија, Унгарија, Латвија, Србија и Словачка, пренесува bTV.

“Во некои земји руското влијание е навлезено  толку длабоко и нашироко дури ја  става под прашање националната стабилност, како и западната ориентација на земјата и (вкупната) евроатлантска стабилност “, сметаат авторите на студијата под наслов” Правилата на Кремљ: Како да си го објасниме руското влијание во Централна и Источна Европа “.

Во него се наведени низа конкретни активности на Русија со цел проширување на нејзиното влијание во регионот. Меѓу нив се “мегапроекти” како договорот за 12,2 милијарди евра за два нови нуклеарни реактори во Унгарија, кој е со премногу нејасни услови.

Се споменува и “одгледување” на проруски бизнисмени, на кои се помага да се здобијат со позиции на политичко ниво . Руското економско присуство во Бугарија, пак, се проценува на 22% од БДП за периодот меѓу 2005 и 2014 година, што ја “изложува земјата на ризик од влијание од Русија “. Авторите на истражувањето гледаат единственото решение во строга контрола на нелегалните парични текови и реорганизација на американските програми за поддршка на државните институции.

Ова не е прв ваков извештај.

Во февруари британскиот Центар за историски анализи и  за испитување на конфликтите објави дека “Русија  отворила нов политички фронт, и ги поддржува десничарите против либералната Европска унија”.

Според авторите на ова истражување, владите на Унгарија и Грција “отвореного  симпатизираат” Путин и како резултат  на тоа има “сериозна Петтата колона во Централна и Западна Европа, која ги слабее реакцијата против „ руската агресија”.