Серија А казни три тренери, еден од нив поради богохулење

од Stefanija Kuzmanovska

Дисциплинската комисија во Серија А донесе одлука за суспендирање на тројца тренери поради нивното однесување во минатото коло.

Тренерот на Парма, Роберто Д’Аверса беше суспендиран на два натпревари откако, како што соопшти дисциплинската комисија, тој „упатил серија на крајно сериозни навреди на сметка на судиите“.

Покрај него, Антонио Конте беше казнет со пауза од еден натпревар, бидејќи доби жолт картон на натпреварот против Аталанта, а шефот на стручниот штаб на Кротоне, Серсе Косми нема да може да го води својот тим против Лацио поради „богохулени изрази“ забележани од членовите на истражувачкото тело.

Засега не е познато што точно кажал Косми.

Слични содржини