Серија апсења на учесниците во немирите во Вашингтон

од Берта Китинска

Уапсени се и обвинети тројца приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи го и човекот со прекар Кaнон Шаман, чии фотографии го обиколија светот по насилниот упад во зградата на американскиот Конгрес, соопшти Министерството за правда на САД.

Џејкоб Ентони Ченсл е човек кој носеше копје и кацига со рогови и влезе во Конгресот и го привлече вниманието на фотографи и сниматели.

Тој беше уапсен и обвинет за нелегален упад и насилно однесување на Капитол Хил, се вели во соопштението на Министерството, пренесе Би-Би-Си.

Ченсл рече дека тој е „учесник во групна акција организирана заедно со други патриоти од Аризона, кои дојдоа во Вашингтон на 6 јануари на покана од претседателот Трамп“.

30-годишникот од Аризона, кој се опишува себеси како „духовен воин“ и исто така се нарекува „волк од Јелоустоун“, беше забележан и во Феникс, на митинг за поддршка на Трамп.

Тој исто така се претставува како „дигитален војник на QAnon“, движење на заговор чиј херој е Доналд Трамп и кој упадот во Конгресот го гледа како победа.

Уапсен е и Адам Џонсон, 30-годишен човек со капа на Трамп, кој се смешка на фотографијата додека го носеше штандот на Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Дерик Еванс, член на парламентот на Западна Вирџинија, исто така беше уапсен за снимање на насилнот упад во Конгресот и извикување „Дерик Еванс е во Капитол“ и обвинет за нелегален упад и насилно однесување.

Подоцна на Фејсбук објави дека не учествувал во уништување на Конгресот и дека упаднал во Капитол Хил како „независен претставник на медиумите во желба да сними историски настан“.

Во обвиненијата против тројцата се посочува дека тие нелегално провалиле во сојузната зграда „додека во неа беше американскиот потпретседател Мајк Пенс“, што дополнително го отежнува нивниот случај.

Слични содржини