Серијата на Милан е завршена! Донарума ги сопре „росонерите“ со авто-гол

од Vladimir Zorba

Италијанскиот гигант Милан не успеа да забележи четврта последователна победа во Серија А.

Момчињата на Џенаро Гатузо одиграа 1:1 со Удинезе на „Дачиа Арена“. Сусо го отвори резултатот со одличен удар во деветтата минута, но во 76-тата, Џанлуиџи Донарума ја внесе топката во мрежата при центрирање од десната страна.

Во средината на второто полувреме, „црвено-црните“ останаа со 10 луѓе на теренот откако Давид Калабрија беше избркан за втор жолт картон.

Тренерот на Милан започна со формација 4-3-3, со Андре Силва во центарот на нападот. Нападот на домаќинот го водеше Кевин Лазања, зад кој беше сместен аргентинецот Родриго де Паул.

Резултати Серија А:

Верона 0 – 1 Рома
Аталанта 1 – 0 Киево
Болоња 1 – 2 Фиорентина
Каљари 2 – 0 СПАЛ 2013
Јувентус 7 – 0 Сасуоло
Удинезе 1 – 1 Милан

Слични содржини