Северна Кореја ги обвини САД за нарушување на нејзиниот воздушен простор

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска ги обвини САД дека го нарушиле нејзиниот воздушен простор со извидувачки летови, поради што Пјонгјанг предупреди дека тие авиони би можеле да бидат соборени, пренесе „Ројтерс“.

„Провокативните воени акции на САД го доведоа Корејскиот Полуостров чекор поблиску до нуклеарен конфликт“, изјави неименуван портпарол на севернокорејското министерство за национална одбрана, пренесе новинската агенција КЦНА.

Во соопштението се наведува дека, покрај американските извидувачки авиони и беспилотни летала, Вашингтон ги зголемува тензиите со испраќање нуклеарни подморници во близина на полуостровот.

Слични содржини