Севиља ги исфрли Јунајтед и Мурињо од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Севиља го шокираше Манчестер Јунајтед откако го победи со 2: 1 на „Олд Трафорд“ и забележа историска победа, со која се пласира во 1/4-финале на Лигата на шампионите.

Првиот натпревар во Шпанија заврши 0:0 и овој успех ги испрати Андалузијците напред во турнирот. Голoвите ги постигна Бен Једер (74` и 78`). Погодокот за домаќините го постигна Лукаку (84).

Севиља заслужува само пофалби за нејзината изведба. Гостите покажаа исклучителна тактичка дисциплина, максимално ги искористија своите шанси и на крајот го заслужија пласманот во 1/4-финалето на турнирот, што е исто така и најголемо достигнување за тимот.

Досега, Шпанците од шест натпревари немаа победа во Англија, но сега го направија тоа против Јунајтед. Англичаните беа благо трагични и смешни. Момците на Жозе Мурињо не покажаа дека заслужуваат да продолжат и беа заслужено елиминирани од турнирот.

Рома пак ќе игра по трет пат во својата историја четвртфинале во Лигата на Шампионите. „Волците“ победија со 1:0 против Шахтјор дома, што беше доволно за пласман во следната фаза.

Екипата на Еузебио ди Франческо загуби во Украина со 1:2 во првиот натпревар, но заради голот на гостински терен продолжува напред. Вечерва на „Олимпико“ големиот херој беше Един Џеко, кој го реализираше во 52-та минута својот 4-ти гол во ЛШ оваа сезона.

Интересно, во претходните две учества во четвртфиналето Рома отпаѓа од Манчестер Јунајтед. Оваа сезона сепак „црвените ѓаволи“ нема да застанат на патот на Рома заради сензационалната елиминација од Севиља.

Слични содржини