Шаќири: Спорниот учебник со грешки по Историја и општество засега нема да се повлече

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во емисијата 24 анализа на ТВ24 во врска со спортниот учебник по Историја и општество за петто одделение полн со грешки, рече дека виновникот сите го бараат во министерот или кабинетот.

„Во законот се наведени постапките како се доаѓа до еден учебник. Има 25 фази за одобрување на еден учебник. Истиот учебник од страната на Комисијата за учебници има известие во Комисијата, каде известителот известува дека во ситуацијата каде се доставени забелешките учебникот да не се одобрува. Авторите ги разработуваат сите забелешки кои се добиени и продолжува истиот учебник во Националната комисија каде се донесува одлука после прифаќање на забелешките. Според тоа што го имаме во извештајот, конкретните забелешки кои се доставени во јавноста, не се дел од забелешките кои ги имаат доставено и Бирото за развој на образованието до авторите и рецезентната комисија. Сите кои се вклучени во тоа, треба секој да да ги има тие забелешки за да не дојде до оваа ситуација. Ќе очекуваме во наредниот период да се достават забелешки. Според досегашните забелешки, за другите ќе треба да процени педагошката служба или формирана Комисија. До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30%, ќе заземеме став учебникот да се повлече. Очекуваме да видиме дали се само тие или има уште“, вели министерот.

Слични содржини