Шахпаска: МТСП ќе дава пари за продолжување на породилното отсуство

од Берта Китинска

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната прес- конференција  по свечената седница на Економско-социјалниот совет ги објасни промените на Законот за работен однос и породилно отсуство за кои се уште се разговара.

-Она што е новитет во овој закон е периодот на мајчинство кое ќе го корисит само мајката, предвидено е период на родителство каде ќе се вклучи таткото заедно со мајката и разговараме за можноста таткото да земе 10 дена отсуство. МТСП ќе ги трансферира парите до Фондот за здравствено осигурување. Оптимистички, го очекуваме законот да излезе начелно во јуни, по што ќе следува дебатата, рече Шахпаска.

Слични содржини