Шакира бесна на Пике поради тоа што се појавува во јавноста со новата девојка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

По раскинувањето со Шакира, фудбалерот Жерар Пике брзо најде нова љубов, а моментално е во врска со 12 години помлада студентка по име Клара Марти.

Сега за првпат се фотографирани заедно, на концерт.

Веста за разделбата меѓу Пике и Шакира, кои имаат заедно два сина, беше објавена во јуни. Фудбалерот наводно ја изневерил, а пејачката не сакала да премине преку тоа.

Иако веќе подолго време се знаеше дека е во врска со студентка, до сега не се видени во вакво издание, а на концертот следеше нивниот прв јавен бакнеж.

Според „Дејли мејл“, Шакира е многу разочарана и лута на Пике, кој секојдневно се појавува во јавноста со новата девојка.

Наводно, имале договор да не се појавуваат во јавноста со новите партнери во текот на првата година по раскинувањето.

Слични содржини