Шакира и Пике со години биле во отворена врска?

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот пар го потврди крајот на нивната 12-годишна врска минатиот јуни, набргу откако поранешниот играч на Барселона, Пике, беше обвинет за изневерување на 46-годишната пејачка Шакира.

Жерар Пике, кој оттогаш започна нова врска со Клара Чиа Марти, подоцна ги негираше тврдењата за афера, инсистирајќи дека „немало неверство од негова страна“.

Шпанскиот телевизиски водител Хозе Антонио Авилес тврди дека поранешната двојка била во отворена врска дури три години пред да раскинат.

„Ти прави што сакаш, јас ќе правам што сакам, но пред медиумите се уште сме двојка“, го опишал нивниот наводен договор, пишува „Дејли мејл“.

Се верува дека тврдењата за отворена врска доаѓаат од блискиот круг на пријатели и семејството на Пике.

Шакира оттогаш се пресели во Мајами откако ѝ беше доделено целосно старателство врз нивните две деца, синовите Милан и Саша, и оттогаш наводно е во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон.

Во јуни минатата година, колумбиската пејачка на Инстаграм потврди дека повеќе не е со Пике, но за некои таа изјава не беше сосема неочекувана. Шпанските таблоиди тврдеа дека парот е на работ на раскинување, а различни извори тврдеа дека Пике уште оддамна ја изневерувал ѕвездата.

Слични содржини