Шаќири: Реформата на државната администрација се движи кон последната фаза

од Nikola Popovski

Денес се одржа деветтиот состанок на Советот за реформа на јавната администрација, на кој присуствуваа министри и претставници на сите министерства и институции во Република Северна Македонија, локални и странски експерти ангажирани во проектот „Поддршка на државната реорганизација“, вклучително и премиерот на земјата, Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

За време на оваа средба, министерот Шаќири им го презентираше на учесниците Третиот полугодишен извештај за периодот јануари – јуни 2020 година и Третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2020 година.

По усвојувањето на записникот од осмиот состанок на Советот за реформа на државната администрација, одржан во декември 2020 година, беа презентирани предлозите, наодите и препораките од проектот „Поддршка на државната реорганизација“.

Министерството за информатичко општество и администрација на крајот на денешната средба ја презеде задачата да достави информација до Владата со конечниот Интегриран извештај за реорганизација на државната администрација на првата  следна седница.

 

Слични содржини