Шефот на „БајонТек“: Европа може да постигне имунитет на стадо во следните 4 месеци

од Vladimir Zorba

Шефот на германската фармацевтска компанија „БајонТек“ вели дека Европа може да постигне имунитет на стадо против коронавирус во следните четири месеци.

Иако точниот праг потребен за да се достигне тоа критично ниво на имунизација останува предмет на дебата, експертите велат дека нивото над 70 проценти значително би го забавило ширењето на коронавирусот, пренесе АП.

„БајонТек“ ја разви првата масовно одобрена вакцина против Ковид-19 со американскиот партнер „Фајзер“.

Извршниот директор на „БајонТек“, Угур Шахин рече дека „Европа ќе достигне имунитет на стадо во јули, најдоцна до август“.

Тој вели дека податоците од луѓето кои ја примиле вакцината покажуваат дека имунолошкиот одговор слабее со текот на времето, а третата вакцина најверојатно ќе биде потребна 9-12 месеци по првата и повторно на секои 12-18 месеци.

Слични содржини