Шекеринска кон подофицерите: Со влезот во НАТО му кажавме „збогум“ на еден претходен процес

Во рамки на денешното претставување на новите 65 подофицери, од предвидените 120 за оваа година, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, им посака добредојде на новите чинители во Армијата на С.Македонија. Посочи дека стандардите и модернизацијата се темелат на НАТО Алијансата и тоа што таа го предвидува, но дека секој чекор пред се го правиме за доброто и безбедноста која ја очекуваме од нашата Армија.

„Почитувани подофицери, ќе ве чека многу работа. Оваа модернизација нема да ја правиме заради НАТО, туку заради нас и нашата безбедност. Буџетот го зголемуваме, додатоци и зголемување на плати и модернизирација во поглед на НАТО стандардите воведуваме во Армијата на С.Македонија. Влезот во таквата заедница е квантен скок за земја како нашата. Оттаму му велиме „збогум“ на еден претходен процес. Со процесите, со кои сега се залагаме заедно ќе растеме. Многу пат изодевме до тука, да продолжиме, и продолжите со елан и енергија. Сега знаеме кои сме и што сакаме да постигнеме. Нека покаже ова дека сме заслужни за големиот труд и напори кои ги вложивме“, истакна Шекеринска.

Слични содржини